Антикорупциската комисија, како што посочуваат оттаму, е колективно тело и сите одлуки ги носи на јавна седница со мнозинство гласови
Државната комисија за спречување на корупцијата застана зад својата претседателка Билјана Ивановска, која стана цел на обвинувања во допис од експретседателот Ѓорге Иванов, а во врска со предмети што ги отвори за него Комисијата, непосредно пред да му заврши вториот мандат како шеф на државата.
„По повод јавно искажаните обвинувања и паушални наводи од страна на поранешниот претседател на Република Северна Македонија Ѓорѓе Иванов кон претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата Билјана Ивановска, државната комисија со индигнација и во целост ги отфрла истите.
реагираа од Антикорупциската комисија.
Државната комисија за спречување на корупцијата е колективно тело и сите одлуки ги носи на јавна седница со мнозинство гласови, така што целосно е неосновано искажаното сомневање за злоупотреба на нејзината функција. Државната комисија за спречување на корупцијата на доставеното барањето од поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов писмено ќе одговори“,
Иванов ја нападна Ивановска оценувајќи дека е нестручна, неодговорна… дека го нарушува угледот на ДКСК и дека добива инструкции однадвор…
„Сакам јавно да ве известам дека ополномоштен адвокат, согласно Законот за слободен пристап до информации, ќе бара увид во сите документи од предметот за мојата имотна состојба кои вешто ги криете за да се утврди колку и како се пробиени законските рокови. Наведеново ми дава за право да се сомневам дека ја злоупотребувате вашата функција и вие лично го рушите угледот на членовите на ДКСК кои професионално и одговорно ја вршат и сакаат да ја извршуваат својата функција.. Со вашата неспособност, нестручно, неодговорно и спротивно на закон и деловник работење и однесување, само нанесувате штета на професионалниот и стручен тим на Државната комисија за спречување на корупцијата“,
се наведува, меѓу другото, во писменото барање на Иванов до претседателката на ДКСК за доставување информација за состојбата, статусот на отворените предмети што ги води Комисијата за него.
Станува збор за потпишување укази за унапредување на припадници на Армијата за време на изборен процес (пред претседателските избори во 2019 г.) и за предмет за зголемување на имотната состојба (купување два стана на Водно).