Спорните укази кои за време на изборите ги донесе поранешниот претседател Ѓорге Иванов ќе бидат повлечени, најави шефот на државата, Стево Пендаровски. Тој рече дека ги добил решенијата на Државната Комисија за спречување корупција, што му го отвара патот да постапува по санкциите кои тие ги предлагаат.
„Ја чекавме конечната оценка од Антикорупциската комисија. Добивме писмено известување од нив и сега правниот тим во Кабинетот работи. Се надевам дека оваа недела ќе имаме одлука со која или ќе се повлечат тие спорни укази или ќе имаме укази со кои нив ќе ги усогласиме со законот, бидејќи беа спротивни на него. Ни требаше време, затоа што се работи за специфична ситуација, имаше и нов состав на ДКСК која требаше да ги испита тие случаи. Да не заборавиме, нивната прва одлука беше да поведат постапка за неколку укази, а сега, за дел од нив добивме и мислење и нивни предлог за санкции, така што сега имаме завршени постапки. Дури сега јас можам да постапувам без да прејудицирам решенија на Антикорупциската комисија“,
изјави претседателот Пендаровски.