За 2,5 денари се намалува и екстра лесното масло за домаќинство
Еуродизел од ноќеска на полноќ поевтинува за три денари за литар, а цената на бензините се намалува за 1,5 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).
Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,2 отсто.
Екстра лесното масло за домаќинство, пак, поевтинува за 2,5 денари.
Новата малопродажна цена на горивата ќе биде:
- Еуросупер 95 – 81 денар за литар;
- Еуросупер БС 98 – 83,5 денари за литар;
- Еуродизел – 71 денар;
- Екстра лесно – 70 денари.
Со одлуката на РКЕ за 0,028 денари за килограм се зголемува малопродажната цена Мазутот М-1 НС и ќе чини 41,437 денари.