Новата цена на моторниот бензин еуросупер БС-98 ќе изнесува 91,50 денар за литар, а на еуродизел БС (Д-Е V) ќе биде 103 денари

Од ноќеска на полноќ бензинот еуросупер БС-98 поскапува за половина денар, а за толку се намалува цената на еуродизел (Д-Е V) и на екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1). Поевтинува и мазутот М-1 НС, за 0,886 денари за килограм, а не се менува цената на бензинот еуросупер БС-95, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).
Новата цена на моторниот бензин еуросупер БС – 98 ќе изнесува 91,50 денар за литар, 103 денари на еуродизел БС (Д-Е V), 98,5 денари на екстра лесното 1 (ЕЛ-1), а 51,034 денари на мазутот М-1 НС – 51,034.
Со Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,43 проценти во однос на одлуката од 12 овој месецов.