Шефот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, ја критикуваше одлуката на Врховниот суд на САД да ја поништи пресудата со која се легализира правото на абортус нарекувајќи ја одлуката „неуспех“ што може да чини животи.
Гебрејесус изјави дека научните податоци докажуваат дека пристапот до безбеден и легален абортус спасува животи.
„Доказите се несоборливи. Ограничувањето на абортусот ги води жените и девојчињата до небезбедни абортуси кои резултираат со компликации, па дури и со смрт“,
рече тој.
Директорот на СЗО нагласи дека безбедниот абортус треба да се сфати како здравствена заштита и предупреди дека ограничувањето на пристапот несразмерно ќе влијае на жените од најсиромашните и најмаргинализираните заедници.
Тој рече дека СЗО не го очекувала ова од САД и додаде дека е загрижен од одлуката на Врховниот суд и таа претставува чекор наназад.
Главниот научник на СЗО, Сумија Сваминатан, рече дека ставот на здравствената агенција на ОН за абортусот се заснова на повеќедецениски собрани податоци од многубројни земји.