На средбата беше предвидено да учествува премиерот Зоран Заев, но откако тој објави дека ќе поднесе оставка, го откажа патувањето
Вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров, наместо премиерот Зоран Заев, денеска и утре во Белград ќе учествува на настанот посветен на поттикнување на регионалната соработка преку иницијативата „Отворен Балкан“.
Агендата за работниот состанок што се организира во соработка со Атлантскиот совет, опфаќа панел-дискусија на тема „Дигиталната трансформација како подадена рака за регионална интеграција“ на која ќе бидат усвоени заклучоци, по што ќе биде одржана и прес – конференција.
Предвидени се лидерски средби и средби со претставници на компании од Северна Македонија, Албанија и Србија на коишто ќе се разговара за олеснување на трговијата.
На средбата беше предвидено да учествува премиерот Зоран Заев, но откако тој објави дека ќе поднесе оставка, го откажа патувањето.
Српскиот претседател Александар Вучиќ рече дека размислува дали од тие причини да се откаже состанокот, но од Владата во Скопје најавија дека ќе назначат друг претставник.