Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, во вечерашното гостување во емисијата „Топ тема“ на Телма рече дека доколку епидемиолозите и експертската јавност оценат дека е возможно да се одржат избори, тогаш треба да се оди на избори.
Според него, најважно е здравјето на граѓаните, но ако има услови за избори, тогаш е добро тоа да се направи.
„Ако ситуацијата со пандемијата се смирува, ако гледаме држави кои ќе одат на избори, тогаш е добро тоа да се направи. Се разбира, првиот приоритет е здравјето на граѓаните“,
истакна Димитров.
Ако нема услови за избори, тогаш смета Димитров, треба да има политичка влада.
„Суштински природата на оваа влада е да организира избори. Ако ова трае и ако нема услови за избори, тогаш треба да има политичка влада. Која е улогата на оваа влада каде имаме кочење“,
рече Димитров.