Во дебата на „360 Степени“, Артан Дика, поранешен потпретседател на НДП, зборуваше за впечатоците по 1 година од новата влада и нејзините слабости.
Дика рече дека постои релаксирање на меѓуетничките односи и решавање на одредени прашања, но владата е слаба на економски план и нема голема надеж за подобрување на работите.
– Постои општа тенденција за оценување дека можеби лицата кои владеат се сменети, но менталитетот е ист. Ние гледаме многу работи, начинот на постапување е ист, има изразен непотизам, изразена партизација, влијанието на политиката е длабоко – рече Дика напоменувајќи дека менталитетот тешко се менува бидејќи се работи за ист народ со иста култура, и потребно е многу време.
Тој го коментираше и впечатокот за постоење апатија кај Албанците поради тоа што не се случи политичка катарза, како што се случи кај Македонците.
– Ова е една од главните слабости на Зоран Заев како лидер на СДСМ и премиер. Има јасна слика дека господин Заев и неговата партија се жртва на политиките на ДУИ за попуштањата што овие ги прават во други аспекти. ДУИ за жал е долг период на власт и има корумпирана структура која реално не учествува во централното владеење туку го користи бројот на пратеници што ги има за да создаде предност – рече Дика.
Напишете коментар