Четириесет и шестгодишниот тренер по џудо од Прилеп, кој се сомничи за полови злоупотреби на малолетнички кои му биле ученички, бил на дисциплинска постапка од Македонската џудо федерација за злоупотреба на официјални документи.
Како што информираат од Федерацијата, тој одамна не е нивни член, но посочениот тренер бил дел од дисциплинска постапка поради злоупотреба на официјален документ испратен од Светската џудо федерација, како и поради прекршување и непочитување на Статутот и други мерки и протоколи.
„Поради оваа дисциплинска постапка, одземена му е лиценцата за тренер по џудо и исфрлен е од Џудо федерацијата на Македонија, за што официјално беа известени сите надлежни институции вклучувајќи ја и Агенцијата за млади и спорт“,
се наведува во соопштението од канцеларијата на Џудо федерација на С Македонија.