Се очекува британскиот премиер да објави дека укинувањето на мерките на ограничување, најавено за 21 јуни, ќе биде одложено за уште четири недели
Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, денеска оцени дека ширењето на делта сојот на коронавирусот е причина за сериозна загриженост.
Се очекува британскиот премиер да објави дека укинувањето на мерките на ограничување, најавено за 21 јуни, ќе биде одложено за уште четири недели, но Џонсон посочи дека конечната одлука сепак сè уште не е донесена.
„Јасно е дека делта вирусот, кој првпат беше откриен во Индија, се шири полесно, дека бројот на новооткриени случаи се зголемува, поради што расте бројот на хоспитализации. Сето ова е причина за сериозна, сериозна загриженост. Тоа ќе го објавиме в понеделник “,
рече Џонсон.