Британскиот премиер Борис Џонсон денеска изјави дека земјата ќе воведе карантин и за други земји доколку продолжи да се зголемува бројот на случаи на коронавирусот и ако е неопходна таква мерка.
Тој ова го изјави по повод одлуката на британската влада да воведе карантин за лицата што се враќаат од Шпанија.
„Се плашам дека гледаме знаци на втор бран во други земји. Тоа е наша работа, наша должност е да дејствуваме брзо и одлучно за да ги спречиме патниците што се враќаат од другите земји да го шират вирусот овде во Велика Британија“,
рече Џонсон.
На прашањето дали 14-дневниот карантин може да се намали, Џонсон рече дека бара начини за ублажување на карантинот, за да им се помогне и на институциите и на туристите, пренесува Би-би-си.
„До овој момент, кога мора да ги следите упатствата што ги даваме, ние дадовме упатства за Шпанија и за некои други места“,
рече Џонсон