Ова ќе биде прва средба меѓу американскиот и претседателот на Кина по средбата на самитот на Г-20 кој се одржа на Бали во ноември минатата година
Американскиот претседател Џо Бајден ќе се сретне со својот кинески колега Си Ѓинпинг в среда, 15 ноември, во Соединетите Држави, објави денеска Белата куќа.

Високи претставници на администрацијата на Бајден информираат дека на средбата се очекува да бидат опфатени низа глобални прашања, меѓу кои конфликот на Израел и Хамас, руската инвазија на Украина, како и врските на Северна Кореја со Русија. Состанокот меѓу лидерите на двете најголеми светски економии ќе опфати и разговори за трговијата и управувањето со затегнатите односи помеѓу САД и Кина.
Според најавите, средбата Бајден-Си ќе се одржи за маргините на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка кој ќе се одржи во Сан Франциско од 11 до 17 ноември.
Ова ќе биде прва средба меѓу американскиот и претседателот на Кина по средбата на самитот на Г-20 кој се одржа на Бали во ноември минатата година.