Министерот Бесими уште во почетокот на годината најави корекции во тековниот буџет, доколку се јави потреба од дополнителни средства за антикризните мерки
Спикерот Талат Џафери соопшти денеска дека е најавено оти Владата подготвува ребаланс на буџетот за 2021 година и дека тој наскоро ќе стигне во Собранието.
Тој рече дека очекува ребалансот да стигне во парламентот до крајот на овој месец.
Со оглед на тоа што донесување на буџетот предвидува посебна процедура во Собранието, во периодот кога ребалансот ќе се разгледува во Комисијата за финансирање и буџет, за што се предвидени десет дена, парламентот нема да одржува седници.
Министерот за финансии, Фатмир Бесими, упте во почетокот на годината најави ребаланс на буџетот, доколку, како што рече, се јави потреба од дополнителни средства за антикризните мерки.