Најмладиот пациенти што досега починал од новиот коронавирус во земјава е 24- годишна девојка од Тетово, јави Телма.
Според нивните информации, деовјката е од село Јажинце и претходно немала регистрирано хронични болести.
Според телевизијата, таа на Инфективна Клиника во Скопје била донесена на 28 јуни, а претходно се лекувала два дена во Тетовската болница, каде дошла по една недела домашно лекување од ковид-19.
Откако ги добила првите симптоми матичниот лекар и дал соодветна терапија, но ситуацијата не се подобрила и таа била хоспитализирана во Тетово. Брзо и се влошила ситуацијата и отежнато дишела, потоа била префрлена на скопска Инфективна. Тука имала извесно подобрување, но состојбата во последните денови се влошила бидејќи се појавиле кардиолошки проблеми и во нејзиното лекување.