Деветгодишно дете денеска паднало во водите Вардар, но за среќа од страна на полициски службеници било спасено, информираат од Министерството за внатрешни работи.
„На 13.09.,2020 околу 14 часот било пријавено дека машко дете паднало во река Вардар помеѓу Камени Мост и мостот Гоце Делчев. Од страна на полициски службеници од ПС Центар и Интервентната полиција деветгодишното дете било извлечено и спасено“,
соопштина од МВР.