Освен продолжување на реформите во образованието, стимулирање на младите да се вакцинираат против ковид-19, воведување систем за оценување на институциите…, мандатарот во предлог-програмата најавува и барање до ЕК да се обезбеди тим од независни експерти за мониторинг на процесите „Монструм“, „Алфа“, „Диво Насеље“ и „Малиот Алмир“
Мандатарот Димитар Ковачевски вчера самиот ги однесе во парламентот и му ги предаде на спикерот Талат Џафери списокот со 20 предлози за министри во новата влада и програмата за работа до 2024 година, напишана на шеесетина страници.
Акцент во програмата е ставен на:
Забрзан и одржлив економски раст со подобар животен стандард
– Забрзување на економскиот раст Енергетска транзиција и одржливост
– Модерна инфраструктура и поврзаност
– Заштита на животната средина, зелен и одржлив развој
– Развојно земјоделство
– Одржлив туризам
– Децентрализација и рамномерен регионален развој
Социјална инклузивност и развој на човечки капитал
– Целосна поддршка на сите социјални категории
– Образование за новото време
– Стабилен и модерен здравствен систем
– Младите во фокусот
Владеење на правото и добро управување
-Владеење на правото, ред, антикорупција и безбедност
– Современа администрација, дигитализирани услуги – граѓанинот на прво место
– Унапредување на демократијата и слободата
– Справување со дезинформации
– Граѓанско општество
– Поддршка на демократските реформи во медиумскиот сектор
– Едно општество, еднакво за сите
– Европска култура
– Активно население, спорт и рекреација за сите граѓани
Интеграции, НАТО и ЕУ
-Ние сме НАТО
– Следната цел: членство во ЕУ
– Добрососедство и „Отворен Балкан“
– Ние во светот
„360 степени“ издвои десет повпечатливи поенти од предлог-прогрмата што се очекува в недела пред полноќ да биде одобрена од парламентарното мнозинство.
- Откако Владата на Зоран Заев го воведе, па го стави во мирување прогресивниот данок, очекуваниот нов премиер, кој во изминатите две години беше заменик-министер за финансии најавува во својата програма поголема праведност во оданочувањето, со цел да се обезбеди секој да ја исполнува својата општествена обврска и да го плаќа својот праведен удел од данокот. За наредните пет години, како што се најавува, главниот фокус ќе биде воспоставување вертикална праведност, која може да се смета за пошироко решение од прогресивноста на даноците. Очекуваните резултати се новодизајниран модел за праведно оданочување, имплементација на стандардите за спречување на ерозија на даночната основа и преместување на профитот , преглед на националното законодавство, со цел исполнување на барањата за ЕУ.
- Во делот на заштита на природата, Ковачевски најавува дека ќе се воспостави национален информативен систем за природа и ќе се отвори првиот прифатен центар за заробени и повредени диви животни. Ќе продолжи и процесот на идентификација на типови живеалишта и на дивите видови од европско значење.
- Како што се наведува во предлог-програмата, Владата ќе ги интензивира политиките и активностите за декриминализација, легализација и искористување на медицинските, социјалните и економските придобивки од канабисот. Преку измена и дополнување на законодавството, ќе се бараат решенија за да се дозволи освен лекари од јавното, и лекари од приватното здравство да можат да препишуваат препарати од канабис и да се дозволи можност пациентот кој добил препорака за лекување со препарати од канабис да може сам да одгледува и користи канабис во форма која согласно неговата здравствена состојба најмногу му одговара. Покрај ова, ќе се работи на формирање агенција за канабис – ново специјализирано државно тело кое би го регулирало и би вршело надзор над одгледувањето на канабис за лична употреба.
- Владата, како што ветува Ковачевски, ќе обезбеди субвенции за туристички цели на руралните домаќинства, поддршка на активен туризам, субвенции за дигитализација на туристичкиот сектор, како и поддршка на домашен туризам за работници со ниски приходи. Ќе се овозможи користење на бесплатен државен wi-fi што ќе води до промотивна страна на општина, на реон, на влез во држава, на стојалишта и бензински пумпи. Ќе започне реконструкција на постоечките планинарски домови и изградба на нови со дефинирање на модел за управување и инвестирање во нив и трасирање и промовирање на официјални планинарски патеки.
- Како што се најавува, ќе се приоретизираат мерките против родовиот јаз во платите кои влијаат врз намалување на неактивноста на жените на пазарот на трудот, политиките кои го уредуваат родителското отсуство, заштитата на работното место, флексибилното работно време и скратеното работно време и работните места кои се прилагодени за мајките, зголемување на достапноста на градинките особено во руралните области и зголемување на бројот на домови за стари лица во сите плански региони. Владата, се посочува во програмата, ќе се посвети на зголемување на пристапот до квалитетни услуги за планирањето на семејството и изборот на современи контрацептивни методи и средства, намалување на старосната граница за скрининг за репродуктивното здравје, воведување на мобилни гинеколошки клиники во руралните средини и помалите општини каде што нема гинеколози, задолжителен бесплатен здравствен пакет за жени над 35 години, кој вклучува гинеколошки преглед и мамографија.
- Со нов министер за образование, овој пат од редовите на ДУИ (Јетон Шакири, наместо Мила Царовска од СДСМ), Ковачевски најавува дека во наредниот период продолжува реформата во основното образование, во, како што се наведува, отворен процес и со согледување на ставовите и позициите на сите активни чинители во него, со подготовка на нови материјали за учење, алатки, нагледни средства како и обучување на наставниот и стручниот кадарво училиштата за работа по концепцијата и националните стандарди. Во сите процеси ќе бидат вклучени сите релевантни и инволвирани субјекти и институции и само со заеднички решенија ќе се утврди насоката на реформите.
- 4. За ресорот здравство, што Алтернатива го презема од Венко Филипче (СДСМ), Ковачевски посочува декаглавни предизвици остануваат одржувањето на здравствените домови во полна кондиција и со персонал и со број на легла и технички капацитети. Владата, како што се нагласува, ќе спроведе позитивни стимулативни мерки кон младите со цел да го зголеми интересот и процентот на вакцинирани млади, како целна група која има најголем отпор кон имунизацијата, а од друга страна ќе воведува нови мерки на стимулација и рестрикција кога е во прашање возрасното население, а со единствена цел заштита на здравјето на севкупната популација во земјата.
- Во делот од програмата насловен „Младите во фокусот“, Ковачевски најавува дека државата ќе ги покрие придонесите за секое вработено лице до 29 години кое ќе се вработи за прв пат, а ќе следи и дополнителен стимул за секој месец, за секој нововработен; за сите кои не се спремни за работа бидејќи сѐ уште не развиле вештини, државата ќе го покрие трошокот на фирмите за да обезбедат знаења и вештини преку пракса; ќе се овозможи поврат на персонален данок на доход за сите нововработени млади под 30 години, со што средствата ќе се враќаат назад директно на нивната сметка.
- Во делот на владеењето на правото, Владата, како што се најавува, ќе продолжи со мерките за обезбедување фер и непристрасно судење, поради што во тек е мониторинг на случаи на висока корупција, во рамките на заедничкиот мониторинг проект наЕУ/ОБСЕ, каде што ќе се следат 50 случаи на висока корупција во период од 4 години, од кои повеќе од 20 на високо ниво. случаите на корупција се веќе идентификувани. Владата, како што се наведува, ќе се обрати до Европската комисија со барање да се обезбеди тим од независни експерти кои ќе извршат меѓународен мониторинг на процеси за кои постојат сомневања дека врз нив било извршено политичко влијание, како што се: „Монструм“, „Алфа“, „Диво Насеље“, „Малиот Алмир“ . Поточно, станува збор за случаите чиј мониторинг беше договорен во текот на преговорите на досегашниот премиер Зоран Заев со лидерот на Алтернатива Африм Гаши, за проширување на парламентарното мнозинство.
- Индивидуална одговорност, но тимска оценка, најавува Ковачевски во делот на реформата на администрацијата, при што се наведува дека граѓаните и бизнисите не ги интересира колку институциите формално спровеле од своите стратешки и акциски планови, туку какви услуги нудат. „Не им значи ниту колку е добар или успешен раководителот, туку како функционира неговиот/нејзиниот тим. Затоа, ќе воведеме систем кој ги оценува институциите наспроти формално пополнување табели и спроведување на стратешките планови и оценка на тимовите односно одделенијата наспроти спроведувањето на акциските планови