Претседателот на ДИК Деркоски на денешната јавна седница демантира дека со хакерскиот напад биле загрозени податоците од гласањето, а за одложувањето рече дека е предизвикано од пролонгираниот рок за гласање
Ги демантирам сите шпекулации и лажни вести кои се појавија во врска она што се случи со сајтот на Државната изборна комисија. Она што се случи е хакерски напад на системот на ДИК, односно на нашиот сајт кој предизвика не многу голема штета, но мало одложување на оперативната актнвост на ДИК, поради што се појавија разни шпекулации и лажни вести предивикани од тие шпекулации, изјави днеска претседателот на ДИК Оливер Деркоски на јавната седница.
Тој посочи дека во ниту еден момент не биле загрозени податоците, бидејќи како што рече ДИК работи согласно Изборниот законик каде е утврдено дека по објавувањето на првите неофицијални резултати по електорнски пат, следува постпаката кога се добиваат сите изборни материјали. Во текот на ноќта и до попладневните часови ДИК ги примала тие материјали.
„Овој пат тоа можеби изгледаше малку подолго, два -три часа но тоа беше предизвикано од разбирливи причини-пролонгираниот рок за гласање и тоа предизвика дел од ОИК со својот материјал да пристигнат денеска напладне“,
рече Деркоски.
Тој потенцира дека ДИК ги утврдува резултатите само врз основа на записник од избирачкото место и од ОИК.
Деркоски ги нарече дезинформации и лажни вести скрин -шотовите што се појавија во јавноста кои наводно се од ДИК и кои покажуваа нереални резултати. Според претседателот на ДИК од серверот и системот на ДИК, како што рече не можно и нема да може да се вадат вакви информации, истакнувајќи дека одговорно тврди оти тие се лажни.
Во врска со софтвeрската апликација за која исто така се слушнаа критики во јавностa, Деркоски рече дека е набавена за да се забрза процесот и рече дека иако таа можеби има слабости, сепак причина за тоа што не можела да се користи вчера е хакерскиот напад на сајот на ДИК.