Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб променлив ветер. Максималната температура ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје претежно сончево со максимална температура до 12 степени.
Утрово, најстудено е во Берово со измерени -7 степени, а во Дојран се измерени максимални три степени, соопшти УХМР.
Во Битола е -5, во Скопје-Петровец, Тетово, Демир Капија и Струмица -4, во Штип, Крива Паланка и Маврови Анови -3, во Прилеп, Куманово и Попова Шапка -2 , во Скопје-Зајчев Рид, Претор, Дебар и Крушево -1, во Охрид нула, степен е измерен во Виница и два во Гевгелија.
И за утре се најавува сончево време, со мала до умерена локална облачност.
Од понеделник пак, следуваат локални врнежи, како и појава на магла или ниска облачност.