Утре и в понеделник времето ќе биде претежно сончево и потопло
Времето денеска ќе биде променливо облачно, наместа со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од северен правец.
Утре и во понеделник времето ќе биде претежно сончево и потопло, а веќе од вторник локално ќе има изолирана појава на пороен дожд и ретки грмежи.
Под влијание на нов влажен бран в среда и в четврток на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме.