Утре кон крајот на денот и во текот на ноќта кон понеделник, најавуваат од УХМР, ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во понеделник претпладне сè уште ќе има локален дожд, а потоа времето ќе биде претежно стабилно со постепен пораст на дневната температура
Времето денеска ќе биде со зголемена облачност во утринските часови, додека во текот на денот ќе биде сончево со умерена облачност, најавува Управата хидрометеоролошки работи (УХМР).
Ќе дува умерен ветер од северозападен правец, особено долж Повардарието, каде на места ветерот ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19, а максималната ќе се движи од 22 до 29 степени.
Во Скопје преку денот сончево со умерена облачност и со умерен северозападен ветер. Минималната температура во главниот град ќе биде околу 17, а максималната ќе достигне 26 степени.
Утре кон крајот на денот и во текот на ноќта кон понеделник, најавуваат од УХМР, ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во југоисточните делови од земјата можно е краткотрајно невреме. Во понеделник претпладне сè уште ќе има локален дожд, а потоа времето ќе биде претежно стабилно со постепен пораст на дневната температура.