Следува период на стабилно и релативно топло време за овој период од годината, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
По променливото и облачно време со слаб локален дожд утрото, денот ќе биде сончев со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен до северозападен правец.

Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен северен ветер.
И утре времето во земјава и во главниот град ќе биде слично. Од понеделник се очекува утрата да стануваат се постудени и температурите да се спушаат блиску до нулата, додека дневните температура се очекува да се движат од 19 до највисоки 28 степени.
