Во последниве недели бројот на ковид-случаи се намалува, а во моментов во земјава има вкупно 2 883 случаи. Само во два града сега нема воопшто активни случаи на ковид, тоа се Дојран и демир Капија. Главнито град Скопје пак е единствениот град во кој активни случа има над 1 000, односно вкупно 1 149 ковид-случаи.
Во Пехчево има еден активен случај, во Македонски Брод има два случаи, а во Богданци има три активни ковид-случаи. Под 10 активни има и во Крива Паланка (7), Дебар (6)
Валандово (5) и Берово (4).
По Скопје, најмногу активни случаи има во Куманово, односно 272 активни ковид-случаи, потоа Битола со 191, Охрид со 186, Прилеп со 125 и Тетово со 108.
Останатите градови имаат под 100 активни ковид-случаи.