Тие на социјалните мрежи изјавија дека оваа одлука е донесена за да се осигури безбедност на сите учесници, како и на „учениците кои сакаат да учат“, кои со денови престојуваат во „Паркот на пионерите“
Студентите во блокада од Електротехничкиот и од Архитектонскиот факултет на Универзитетот во Белград на социјалните мрежи објавија дека централното место на денешниот протест, закажан за 16 часот, наместо на платото пред српскиот парламент, ќе биде на плоштадот „Славија“.

Промената велат дека ја прават со цел да се спречи евентуално насилство за време на собирот.
Тие во соопштението наведуваат дека во последен момент одлучиле да ја направат оваа промена „поради последните случувања и оти се соочени со пожестока ситуација во општеството“.
„Оваа одлука е донесена за да се спречи можно насилство, како и поради безбедност на сите учесници во нашиот протест, како и на студентите кои кампуваат во Пионирскиот парк. Ги повикуваме сите да ни се придружат на ‘Славија‘ и заедно да испратиме силна порака на величествен начин дека нема да се откажеме додека не се исполнат нашите барања“,
порачаа студентите.
Тие на социјалните мрежи изјавија дека оваа одлука е донесена за да се осигури безбедност на сите учесници, како и на „учениците кои сакаат да учат“, кои со денови престојуваат во „Паркот на пионерите“.
Сепак, за конечната локација на протестот се очекува официјална одлука од студентите во блокада.
Инаку, студенти и граѓани од рано утрово пристигнуваат во Белград за да учествуваат на протестот предводен од студентите во блокада, што се смета за кулминација на три и пол месечните демонстрации поради загинувањето на 15 лица при уривањето на натстрешницата на Железничката станица во Нови Сад.
Студентите најавија дека денеска ќе пристигнат пред српскиот парламент во 16 часот од четири локации – од Автокоманда, од плоштадот „Република“, од булеварот „Крал Александар“ и од Нов Белград.
Погледнете како утрово изгледаат улиците на Белград во пресрет на големиот протест: