Првиот човек на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски очекува дека утрешните избори во Тетово, Маврово-Ростуше и Центар Жупа ќе поминат во најдобар ред. Тој во гостувањето во Дневникот на Сител рече дека на избирачкиот псисок има пријавено 101.000 луѓе.
„Очекуваме утре изборите да поминат во најдобар ред, а за тоа да биде уште подобро, цела недела во Одделението на Државната изборна комисија се одржуваа обуки, а претходно беа извршени и измени на членовите кои дадоа оставка или веќе не се дел од општинските комисии. Апаратите за отисок од прст се ажурирани, што не е тежок процес бидејќи се работи за три општини“,
рече Даштевски.
Рече дека денешното гласање, на кое гласаа болница и изнемоштените лица и лицата во казнено поправните установи се одвивало мирно и нема ниту една забелешка.
Во Маврово Ростуше гласале 35 болни и изнемоштени лица од пријавени 40, во Центар Жупа сите 29 пријавени лица, а во Тетово гласале 23 од пријавени 24 лица.
„Право на глас денеска имаа и затворениците. Пријавени се вкупно 94 гласачи. Во Казнено поправната установа „Идризово“ од пријавени 56, гласале 37. Во Шуто Оризари се пријавиле 12 гласачи, а гласале седум. Во Струга, Тетово и Штип гласале сите, односно 21 гласач“, рече Даштевски.
рече Даштевски.