Од почетокот на изборниот ден во 7 часот, по четири часа гласање, на парламентарните избори гласале 234 913 избирачи, а на претседателските избори 216 046 гласачи

Од обработени 93,07 отсто или 3 265 од вкупно 3 508 избирачки места излезеноста на гласачите во вториот круг од претседателските избори до 11 часот е 12,58 отсто.
За да успеат изборите за шеф на државата, неопходно е на гласање да излезат повеќе од 40 отсто од запишаните избирачи.
За парламентарните избори на обработени 92,87 отсто или 3 299 избирачки места од вкупно 3 477 места излезеноста до 11 часот, според податоците објавени на веб-страницата на ДИК, кои се ажурираат сукцесивно, излезеноста е 13,73 отсто.

Од почетокот на изборниот ден во 7 часот, по четири часа гласање, за парламентарните избори гласале 234 913 избирачи, а за претседателските избори 216 046 гласачи.
Инаку, во првиот круг од претседателските избори излезеноста до 11 часот беше 12,78 отсто на обработени 3 416 избирачки места.
Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски, на прес-конференција рече дека најголема излезеност во моментов за претседателските избори има во Пробиштип 27,85 отсто, а најмала во Липково 1,76 отсто.
Според него, помал процент граѓани излегле за претседателските избори во општините во западна Македонија, додека во источна и централна Македонија многу повеќе гласачи гласале за шеф на државата.
Во однос на техничките проблеми што биле пријавени од утринава на шест гласачки места, Даштевски рече дека на три тие се решени, а на другите три во Кочани, Охрид и Куманово, ќе продолжи со УВ-лампа и спреј.
До ДИК биле пристигнати и 164 приговори за избирачко право, од кои 50 се прифатени, седум се отфрлени, а девет се одбиени. Другите, рече Даштевски, се во обработка.