Борбата на македонските револуционери никогаш не била свртена кон минатото, туку кон иднината. Во духот на овој завет, во име на нашата единствена иднина како дел од демократскиот и прогресивен свет, со членството во НАТО и Европската Унија, пруживме рака за соработка со сите наши соседи. Нека ни е честит Денот на македонската револуционерна борба!, се вели во честитката на премиерот Зоран Заев, по повод 23 Октовмри, Денот на македонската револуционерна борба.
Денеска го одбележуваме 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба и со гордост се сеќаваме на…
Posted by Zoran Zaev on Friday, October 23, 2020
„Денеска го одбележуваме 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба и со гордост се сеќаваме на македонските револуционери, на кои им се поклонуваме и ја чествуваме нивната пожртвуваност, челична истрајност и нескршлива волја за слобода, правда, еднаквост, независност и сопствена државност“,
напиша Заев на својот Фејсбук профил.
Заев истакнува дека борбата на македонските револуционери никогаш не била мотивирана ниту за територии, ниту пак за доминација на едни врз други, туку за владеење на принципите на правда, одговорност и еднаквост.
„Учејќи од цивилизациското наследство кое ни го остави македонската револуционерна борба ги отфрламе политиките на поделбите, а водени од желба за подобар живот и благосостојба ги повикавме сите чесни и добронамерни граѓани без разлика на пол, вера, убедување и народност, да се обединиме околу создавањето едно праведно општество за сите“,
порача премиерот во честитката.