За жал, имаме еден инфектолог, другите двајца се во изолација и сме без ниту еден епидемиолог, вели кардиологот Ристовски
Докторите во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје сега се на првата линија на фронтот против ковид-19, откако болницата стана единствен центар во државата за третман на позитивни или високо ризични пациенти за ковид-19 со акутен миокарден инфаркт. Но, во отворено интервју за порталот „24 инфо“, д-р Владимир Ристовски, специјалист интернист, субспецијалист кардиолог, отворено вели дека состојбата во болницата е тешка и малку хаотична.

„Во моментот имаме 29 докажани и/или високоризични пациенти за ковид-19 сместени во неколку одделенија. 6 пациенти се на респиратор и се во тешка општа состојба, сместени во шок соба и пациенти со пневмонија со потешка клиничка слика кои бараат константна кислородна поддршка. Сите пациенти се со мешана патологија и со повеќе коморбидитети“,
вели д-р Ристовски за „24 инфо“.
На толку пациенти и покрај внатрешната реорганизација, болницата, сепак, има само еден инфектолог и ниту еден епидемиолог.
„Главен товар за грижа на пациентите заразени со ковид-19 е на грбот на интернистите и анестезиолозите. За жал имаме еден инфектолог, другите двајца се во изолација и сме без ниту еден епидемиолог. Секој ден, во ротирачки визити од интернисти (пулмолози, кардиолози, гастроентерохепатолози), анестезиолози, заедно со еден инфектолог, се грижиме за пациентите. Ни недостигаат инфектолизи, за жал, и тоа многу во моментов, па затоа секој интернист е дупло ангажиран за грижата на пациентот и како „инфектолог“. Се разбира, голема благодарност и за медицинските сестри кои ни се најголема потпора во моментот и до останатиот медицински персонал. Без нив тешко дека ќе можеме да се справиме со новонастанатата ситуација и притоа да пружиме соодветна грижа на пациентите”,
вели д-р Ристовски за „24 инфо“.
Д-р Ристовски вели дека и покрај недостатоците, медицинскиот персонал редовно разменува информации за болеста, за која многу малку се знае и на светско ниво. Додека докторите и сестрите се борат за секој човечки живот, тој упатува и повеќе пораки до граѓаните.
Пред се, повикува сите да ги следат упатствата на епидемиолозите, со што секој поединец може да придонесе во борбата против коронавирусот.
Целиот текст можете да го прочитате на следниот ЛИНК.