Тоа што лидерот на опозициската партија која мене ме предложила за министер за внатрешни работи и мојот советник се повикани на разговор во полициска станица зборува за неселективниот пристап, вели министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.
Чулев ова го одговори на новинарско прашање за поканата на Мицкоски и Андоновски да дадат исказ во полициска станица за случајот на улицата „Боемска“, кога инспектори ги затекнаа во внатрешен дел на кафеана додека беа во сила мерките против ширењето на ковид-19.
„Мојот советник и лидерот на опозицијата прекршиле уредба на Владата со која се забранува престој во затворен објект, тие ја признаа грешката поради незнаење и во координација со JO, МВР ги повика на разговор. Во иднина ќе бидат повикани сите што ќе се огрешат пред законот“,
додаде Чулев на денешната прес-конференција.
