Техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев при денешната посета на полициските пунктови во околината на Тетово и Гостивар, апелираше граѓаните да останат дома за продолжениот полициски час и изрази надеж дека наскоро животот ќе почне да се враќа во нормала.
„ Апелирам до граѓаните да останат во своите домови за време на ограничувањето на движењето овие неколку дена, да ги почитуваат мерките за користење заштитна опрема и искрено се надевам дека многу наскоро животот и секојдевните обврски ќе се вратат во нормала. Уште еднаш се заблагодарив на полициските службеници и на сите граѓани кои и во деновите за празнување покажуваат исклучително високо ниво на меѓусебна почит, но и ги почитуваат одлуките и мерките кои се донесени од страна на Владата, а имаат за цел превенција од коронавирусот“,
порача Чулев.