При вонредниот надзор, инспекторите од Агенцијата за храна и ветеринарство утврдиле дека производите се продавале во несоодветни услови, односно на отворен простор, со поминат рок на употреба и со непознато потекло
Околу сто килограми небезбедна храна – чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви со месен нарезок, кроасани – денеска се запленети од пазарот за стари работи во скопско Маџари.

При вонредниот надзор, инспекторите од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) утврдиле дека производите се продавале во несоодветни услови, на отворен простор, со поминат рок на употреба и со непознато потекло.
На физичкото лице што ја вршело продажбата му е изречена парична казна.
„Граѓаните да бидат свесни и одговорни потрошувачи и храна да купуваат исклучиво од одобрени/регистрирани оператори од АХВ кои се под надзор на инспекциските служби на Агенцијата бидејќи производите кои се продаваат на диво, од нерегистрирани оператори, најчесто од физички лица, може да бидат небезбедни“,
апелираат од АХВ.