Чиле е уште една држава во светот која најави вакцинација со четврта доза. Тоа веќе го направија Израел и Бразил. Од европските земји вчера новиот министер за здравство на Германија, Карл Лотербах, изјави дека очекува оти ќе биде потребна четврта доза. На оваа листа се приклучи и Австрија
Од февруари 2022 година Чиле ќе почне со давање четврта доза на вакцината против ковид, а први на кои ќе им биде понудена се ризичните категории граѓани, објави денеска чилеанскиот претседател во заминување Себастијан Пинера.
Ризичните категории кои први ќе ја добијат четвртата доза се здравствените работници, возрасните и лицата со хронични болести.
Министерот за здравство, Енрике Парис, ваквата одлука ја образложи со локални студии кои покажуваат дека бројот на антитела во организмот се намалува по шест месеци од приемот на последната доза од вакцината против ковид.
Чиле има висока стапка на вакцинација – најмалку 16,5 отсто од 19,2 жители се целосно вакцинирани со две дози или изразено во проценти тоа е околу 86 отсто од населението. На почетокот на декември, чилеанските власти започнаа и со вакцинација на деца од три години.
Чиле е уште една држава во светот која најави вакцинација со четврта доза. Тоа веќе го направија Израел и Бразил. Од европските земји вчера новиот министер за здравство на Германија, Карл Лотербах, изјави дека очекува оти ќе биде потребна четврта доза. На оваа листа се приклучи и Австрија откако Националниот совет за вакцинација одлучи дека треба да им се понуди четврта доза на одредени групи граѓани како што се здравствените работници и вработените во други приоритетни области. Најави за четврта доза неодамна имаше и во Србија.
Фото: EPA-EFE/MIGUEL GUTIERREZ