Ова е прв регистриран случај Израел повторно да уапси лица кои биле ослободени како дел од неодамнешниот договор
Палестинските медиуми објавија дека израелските сили синоќа во градот Калкилија на Западниот Брег уапсиле четворица Палестинци кои биле ослободени како дел од неодамнешниот договор за прекин на огнот и размена на заложници меѓу Израел и Хамас.
Според „Тајмс оф Израел“, меѓу уапсените се Абдалах ал Валвил, Самех Шубаки, Мајсара Афанех и Маргарет ал Раи.
Израел сè уште официјално не ги коментирал овие информации.
Ова е прв регистриран случај Израел повторно да уапси лица кои биле ослободени како дел од неодамнешниот договор.
Израел ослободи речиси 2 000 палестински затвореници за време на примирјето помеѓу јануари и март, во замена за ослободување на 30 заложници од Газа и телата на осум убиени затвореници.