Од СВР Куманово потврдија дека дека до несреќата дошло откако цивилен автомобил удрил во полициско возило кое било паркирано на автопатот додека полициски службеници вршеле увид за друг случај
На автопатот каде што се случила несреќата, во близина на Бедински мост, синоќа интервенирала и Итната помош врз жена која паднала во бессознание. По укажаната лекарска помош, жената била префрлена во Ургентниот центар на понатамошно лекување, соопштија од Регионалниот центар за управување со кризи
Четири лица, меѓу кои и еден малолетник, се повредени во синоќешната сообраќајна несреќа што се случи на автопатот од Куманово до граничниот премин „Табановце“.
Од Секторот за внатрешни работи (СВР) Куманово потврдија дека до несреќата дошло откако цивилен автомобил марка „шкода фелиција“ удрил во полициско возило кое било паркирано на автопатот додека полициски службеници вршеле увид за друг случај.
Во соопштението на кумановската полиција се посочува дека во несреќата се повредени возачот на „шкодата“ и неговите тројца сопатници, од кои еден е малолетник.
„Вчера во 20:50 часот во СВР Куманово било пријавено дека на автопатот Куманово – Табановце патничко моторно возило ‘шкода фелиција’ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.Б. (41) од село Никуљане, Куманово, удрило во службено возило на МВР, кое било паркирано поради вршење увид за друг настан. Во незгодата со телесни повреди се здобиле возачот на возилото ‘шкода’, сопатниците Р.Б., А.Б, и еден малолетник, констатирани во општа болница Куманово“,
соопшти СВР Куманово.
На автопатот каде што се случила несреќата, во близина на Бедински мост, синоќа интервенирала и итната помош врз жена која паднала во бессознание. По укажаната лекарска помош, жената била префрлена во Ургентниот центар на понатамошно лекување, соопштија од Регионалниот центар за управување со кризи.
Поради сообраќајката, синоќа автопатот од Куманово до преминот „Табановце“ беше затворен за сообраќај.