Цензурата на овие пет редакции ја осудија чешките новинарски организации и Меѓународниот институт за печат (ИПИ), кој обединува новинари од 120 земји, како кршење на чешкиот Устав и Повелбата за основните права и слободи, што им го гарантира на граѓаните правото на информации
Кабинетот на чешкиот претседател Милош Земан соопшти дека повеќе нема да одговара на било какви прашања од пет чешки редакции затоа што нивното критичко пишување, пред сè за луѓето околу претседателот Земан, но понекогаш и за самиот претседател го толкува како „ширење дезинформации“.
„Во согласност со законот, канцеларијата на претседателот Земан се грижи за нејзината репутација, а споменатите медиуми на долг рок и свесно шират искривени, лажни и необјективни информации“,
изјави шефот на Каабинет на Земан, Вратислав Минарж.
Според оваа одлука, Во иднина, на сите вработени во кабинетот на претседателот им е забрането да даваат какви било одговори на неделникот „Респект“, информативните портали „Сезнам Зправи“ и „Дењик Н“, и редакциите на емисијата „Репортери ЧТ“ и сатиричниот неделен преглед на политички настани „168 часа“ на чешкиот јавен ТВ-сервис ЧТ.
Цензурата на овие пет редакции ја осудија чешките новинарски организации и Меѓународниот институт за печат (ИПИ), кој обединува новинари од 120 земји, како кршење на чешкиот Устав и Повелбата за основните права и слободи, што им го гарантира на граѓаните правото на информации.