Минатата година во април, по прележан ковид, сопругата на бугарскиот претседател беше примена во софиската болница „Свети Иван Рилски“ во сериозна, но стабилна состојба, откако се пожалила на постојани главоболки. Испитувањата и ангиографијата, како што објавија бугарските медиуми, покажале дека таа има три аневризми во мозокот
Бугарскиот претседател Румен Радев е во самоизолација бидејќи неговата сопруга Десислава е со позитивен тест за коронавирусот, соопшти прес-службата.
Десислава Радева е во добра состојба, додека бугарскиот претседател има негативен тест за ковид-19. Тој ги откажа средбите закажани за следните денови, се додава во соопштението.
Минатата година во април, по прележан ковид, сопругата на бугарскиот претседател беше примена во софиската болница „Свети Иван Рилски“ во сериозна, но стабилна состојба, откако се пожалила на постојани главоболки. Испитувањата и ангиографијата, како што објавија бугарските медиуми, покажале дека таа има три аневризми во мозокот.