Како што јавува бугарскиот весник „Труд“, денеска Бугарската социјалистичка партија (БСП) побарала од претседателот Румен Радев итно да им нареди на бугарските служби да спроведат истрага за случајот со камионот што тргнал од пристанишниот град Бургас на Црното Море
За случајот се огласи и лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, кој отфрли можна „бугарска трага“ во случајот
Вчера претседателот на истражниот комитет на Русија, Алкесандар Бастрикин, изјави дека била утврдена маршрутата по која се движел камионот – Бугарија, Грузија, Ерменија, Северна Осетија, Краснодарската област
Бугарската техничка влада побарала од надлежните служби да ги извршат проверки и да достават информации во врска со наводите дека камионот натоварен со експлозив, кој вчера детонирал на мостот Керч, што ги поврзува Русија и Крим, тргнал од Бугарија, пишуваат медиумите во Бугарија.

Вчера претседателот на истражниот комитет на Русија, Алкесандар Бастрикин, изјави дека била утврдена маршрутата по која се движел камионот – Бугарија, Грузија, Ерменија, Северна Осетија, Краснодарската област.
За експлозијата на мостот Русија ги обвини украинските специјални служби, а претседателот Владимир Путин свика итна седница на советот за безбедност.
Како што јавува бугарскиот весник „Труд“, денеска Бугарската социјалистичка партија (БСП) побарала од претседателот Румен Радев итно да им нареди на бугарските служби да спроведат истрага за случајот со камионот што тргнал од пристанишниот град Бургас на Црното Море.
„Во оваа растечка конфронтација треба да се даде брз и јасен сигнал и да не се дозволи Бугарија на кој било начин да биде вовлечена во конфликтот“,
било наведено во ставот усвоен од Извршното биро на БСП.
За случајот се огласи и лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, кој отфрли можна „бугарска трага“ во случајот.
„Мене, кога би бил на местото на руските служби, би ме интересирало не од каде е камионот, туку од каде е натоварен. Имам лошо чувство за фразата ‘бугарска трага’ бидејќи и при нападот на папата се зборуваше за бугарска трага, а тој самиот рече подоцна дека тоа не е вистина. Во војна сите гледаат да ја префрлат тензијата некаде надвор. Камионот поминал низ пет земји. Јасно е дека експлозивот не бил натоварена овде бидејќи во спротивно немаше да ја помине границата, можеше да има бомбаши самоубијци“,
коментира Борисов.
Експлозијата на мостот Керч се случи во саботата наутро при детонација на камион натоварен со експлозив што предизвика да се запалат и цистерни со гориво во возот што во тој момент поминувал таму. Во експлозијата загинаа три лица.
Мостот Креч е клучен за поврзувањето на Крим со Русија, а свечено го отвори рускиот претседател Владимир Путин во 2018, четири години по анексијата на полуостровот. Во војната што во февруари годинава ја започна Москва против Украина, пак, тој беше користен за руските сили да пренесат воена опрема, муниција и персонал на боиштата на украинската територија.
Мостот важи за еден од „симболите на руската моќ“, но по експлозијата утринава се урна во делот за патниот сообраќај, додека во делот за железнички сообраќај претрпе помали штети.
Утринава, два дена по експлозијата на мостот, серија експлозии утринава одекнаа во главниот град на Украина Киев. Во нападот на Киев, ракети го погодија и мостот Кличко во Киев, потврди украинскиот дипломат Олександар Шерба.
„Прекрасниот мост Кличко во Киев беше бомбардиран. Путин, сериозно, ова е твојот одговор за мостот на Крим? Колку си очаен?“,
напиша тој на Твитер.
Станува збор за првиот руски напад на главниот град на Украина по неколку месеци пауза, а се толкува како одмазда за нападот на мостот Керч.