Привремениот премиер рече дека станува збор за граѓани кои работеле во бугарската амбасада во Кабул и кои ќе бидат прифатени заедно со нивните семејства
Бугарија ќе засолни 70 Авганистанци, кои работеле во бугарската амбасада во Кабул.
Ќе поддржиме и ќе дозволиме влез во нашата земја на 70 авганистански државјани заедно со нивните семејства, изјави времениот бугарски премиер Стефан Јанев, пренесува МИА.
Тој истакна дека „тие граѓани работеле во бугарската амбасада во Кабул, заедно со бугарските контингенти на терен.“