Груби денеска го информирал министерот за информатичко општество дека на административните службеници решенијата им се поделени за три дена
Во рекордно време, соодветно на три дена, сите решенија им се поделени на административните службеници. За ова првиот вицепремиер Артан Груби го информирал, на денешната средба, министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири.
Според Груби, ова е благодарение на одличната соработка помеѓу
Министерството за политички систем и Министерството за информатичко општество и администрација.
Пред десетина дена, Груби објави дека точно 1 349 службеници кои, според Рамковниот договор, се вработени во Министерството за политички системи и односи меѓу заедниците, ќе бидат распоредени во 237 институции и органи на државната и локалната самоуправа.
На денешната средба Груби – Шаќири присуствувал и градоначалникот на Струга Рамиз Мерко, при што, како што информираат од кабинетот на првиот вицепремиер, се разговарало за реализација на проектите во оваа општина.