СЗО пред неколку дена предупреди дека здравствените системи во Европа и САД се исцрпени
Бројот на лица заразени со коронавирус во светот надмина 60 милиони, покажуваат податоците објавени на веб-страницата „Ворлдометерс“, кои се базираат на информации добиени од Светската здравствена организација.
Според ова, бројот на заразени со коронавирусот во светот од почетокот на пандемијата достигна 60 126 709, од кои 1 415 226 луѓе досега починаа од последици на инфекцијата, додека 41 570 652 пациенти оздравеа.
Овие бројки постојано се менуваат.
Водечка земја според бројот на заразени сè уште се САД со 12 956 783 случаи, веднаш пред Индија со 9 222 216 и Бразил, каде што од почетокот на пандемијата се разболеле 6 121 449 лица.
Европската земја со најголем број на заразени сè уште е Франција, каде што од почетокот на пандемијата се пријавени 2 153 815 случаи на коронавирус.
СЗО пред неколку дена предупреди дека здравствените системи во Европа и САД се исцрпени поради ширење на коронавирусот.