Вкупниот број на заразени со коронавирус во светот надмина 36 милиони лица откако во изминатите 24 часа се потврдени 338 779 нови случаи.
Бројот на смртни случаи од последици на ковид-19 е зголемен за 5 514 и достигна речиси 1,05 милиони луѓе.
Според последните податоци на Светската здравствена организација, вкупниот број на заболени од ковид-19 во светот изнесува 36 002 827, а починати се 1 049 810 пациенти.
Најтешко погодени од пандемијата на коронавирусот се Јужна и Северна Америка, каде што во последните 24 часа се потврдени 112 715 нови инфицирани случаи и 2 785 смртни случаи.
На второ место се наоѓа Европа, каде што со ковид-19 се заразени нови 96 996 лица, а починале 944 луѓе.
Потоа следува Азија со 89 674 нови случаи на коронавирус, од чии последици починале уште 1 158 пациенти.
Најголем број случаи на ковид-19 од почетокот на пандемијата се потврдени во САД (7,4 милиони), Индија (6,8 милиони), Бразил (4,9 милиони), Русија (1,2 милион).