Расте бројот на хоспитализирани пациенти кај кои е потврден или има сомнеж за ковид-19. Според податоците од Министерството за здравство вкупниот број на хоспитализирани пациенти поради ковид-19 во земјава изнесува 1 012 лица.
На Инфективната клиника денеска примени се 10 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 161 пациенти. На кислородна поддршка се 132 пациенти.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 11 деца и 29 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19.
Во ГОБ „8 Септември“ има 9 приеми, а вкупно хоспитализирани се 79 пациенти. На респиратор се 6 пациенти.
На Институтот за Белодробни заболувања и туберкулоза се хоспитализирани 54 пациенти, на Клиниката за неврологија 20 пациенти, на кожната клиника 18 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 75, а во болницата во Штип се 57 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Кичево, Кавадарци се хоспитализирани 508 позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Поради напливот на болни од ковид-19, сите клиники во склоп на Клиничкиот центар во Скопје се ставаат во фунција на лекување на пациенти со коронавирус. Тие ќе бидат поделени на црвени и зелени зона, со цел да направат простор да можат да примаат пациенти со коронавирус, а истовремено да продолжат со редовните прегледи и интервенции кај пациенти со други заболувања.