Според податоците на Министерството за здравство во последното деноноќие во Скопје се регистрирани 80 нови случаи на ковид-19, но регистрирани се 111 оздравени пациенти.
Во моментов во Скопје има вкупно 3 979 активни случаи на ковид-19, а од почетокот на епидемијата во главниот град се регистрирани 41 416 случаи.
По главниот град во моментов најмногу активни случаи има во Охрид (404) и Кавадарци (402), додека пак најмалку има во Пехчево (7) и Дојран (9).
Вкупната бројка на дијагностицирани лица со ковид-19во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 94 798, бројката на оздравени пациенти е 83 999, на починати е 2 924, а бројот на активни случаи изнесува 7 875.
Деталите од последниот дневен ковид-билтен може да ги прочитате тука.