Многу одамна се добиени пари од Европска Унија и на неколку наврати се најавува готово е, меѓутоа не се гледаат резултатите, вели Беким Максути за РСЕ
Единствениот проблем во однос на воведување на телефонскиот број 122, за итни повици, е во некои надлежности и законски решенија на релација ЦУК – МВР. Во интерес на граѓаните е да се надмине, а не да навлеземе во тоа кој на кого му газдува, вели во интервју за РСЕ директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Беким Максути.
Во однос на бројот 112 навистина е проблематично, затоа што многу одамна се добиени пари од Европска Унија и на неколку наврати се најавува готово е, готово, меѓутоа не се гледаат резултатите од истото. Не би сакал да вперам прст кај кого е вината, но секако ние треба да бидеме дел од овој систем, значи Дирекцијата за заштита и спасување треба да биде интегрален дел на овој систем за да може да профункционира како што треба. Мислам дека единствениот проблем е во однос на некои надлежности и законски решенија на релација ЦУК и МВР, во тоа сум сигурен, затоа што го знам тој проблем од поодамна, уште во претходните влади, и овој проблем треба да се надмине само во однос на тоа дека треба да гледаме во интерес на граѓаните, а не да навлеземе во тоа кој на кого му газдува, односно кој на кого му наредува“,
вели Максути.
Тој вели дека се губи време во однос на решавање на ова прашање и секојдневно има проблеми на терен токму во однос на неисполнување на оваа обврска.
„Можам да кажам најодговорно дека Дирекцијата за заштита и спасување, во ист момент кога ќе биде побарано од нас, ќе пристапи кон тоа. Ние сме веќе подготвени и ќе пристапиме и ќе бидеме на ниво на исполнување на задачите и обврските“,
вели Максути.