МЗ извести и за 24 смртни случаи како последица на коронавирусот, од кои 13 во последното деноноќие, а останатите во периодот од 3 до 16 јануари
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата се приближува до 250 илјади
Бројката на новозаразени со ковид-19 надмина две илјади во последното деноноќи, така што над 32 проценти од тестираните се позитивни. Активните случаи, пак надминаа 17 илјади, од кои повеќе од половина се во Скопје.
Тоа е голем скок во споредба со вчерашниот ден, кога имаше 766 позитивни случаи од 3 748 тестирања ( околу 20 проценти).
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 7 038 тестови, а регистрирани се 2 269 нови случаи на ковид-19. Тоа е рекордна дневна бројка од почетокот на епидемиијата во земјава пред близу две години.
Скопје – 1 169 случаи,
Битола – 183,
Прилеп – 165,
Куманово – 88,
Кавадарци – 56,
Гевгелија – 48,
Охрид – 44,
Тетово – 43,
Струмица – 35,
Кочани – 34,
Гостивар, Велес и Кичево – по 33,
Ресен – 32,
Струга – 31,
Неготино – 26,
Крива Планка, Радовиш и Берово – по 24,
Делчево – 19,
Валандово – 15,
Демир Хисар – 14,
Свети Николе и Кратово – по 13,
Штип и Крушево – по 11,
Македонски Брод – 9,
Виница и Македонска Каменица – по 8,
Пехчево – 7,
Пробиштип, Богданци и Дојран – по 5,
Демир Капија – 1.
Од вкупниот број на позитивни регистрирани се 310 реинфекции, а излекувани се 1 420 пациенти.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 13 смртни случаи: Петмина од починатите се од Скопје (64г, 66г, 68г, 79г и 82г), тројца од Струмица (58г, 61г и 66г), двајца од Кавадарци (52г и 87г) и по едно починато лице од Куманово (73г), Струга (77г) и Охрид (54г). Пријавените лица се починати во болнички услови.
Согласно регистарот на починати лица со дијагноза „ковид-19“, пријавени се 11 починати лица од Гевгелија (4), Струмица (2), Струга (2), Кичево (2) и Богданци (1) починати во период од 3 до 16 јануари. Починатите се на возраст од 47 до 87години. Тројца починале во домашни, а осум во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата се приближува до 250 илјади, поточно заклучно со денеска е 247 663, бројот на оздравени пациенти е 222 306, на починати 8 139, а бројот на активни случаи изнесува 17 218.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 111527, Активни 9 167
Куманово 13 947, Активни 662
Прилеп 12 093, Активни 960
Тетово 11 770, Активни 283
Битола 11 312, Активни 1 516
Гостивар 8 372, Активни 237
Кавадарци 8 050, Активни 426
Велес 7 926, Активни 327
Охрид 7 490, Активни 548
Штип 7 139, Активни 259
Струмица 6 727, Активни 345
Кичево 4 634, Активни 245
Кочани 4 342, Активни 178
Струга 4 156, Активни 190
Гевгелија 3 317, Активни 266
Неготино 2 858, Активни 171
Свети Николе 2 269, Активни 92
Ресен 2 118, Активни 189
Крива Паланка 2 097, Активни 112
Радовиш 2 040, Активни 195
Делчево 1 604, Активни 104
Берово 1 562, Активни 74
Дебар 1 479, Активни 16
Виница 1 229, Активни 38
Пробиштип 1 213, Активни 53
Валандово 1 212, Активни 136
Кратово 831, Активни 41
Крушево 772, Активни 145
Богданци 763, Активни 59
Демир Хисар 715, Активни 60
Македонски Брод 599, Активни 43
Македонска Каменица 462, Активни 30
Демир Капија 456, Активни 18
Пехчево 387, Активни 22
Дојран 195, Активни 11