Американската амбасадорка Кејт Мари Брнз изрази задоволство од учеството на граѓаните во демократскиот изборен процес на денешните предвремени парламентарни избори.
„Задоволна сум што граѓаните на оваа земја учествуваат во демократскиот процес. Тим од Амбасадата на САД му се придружи на ОБСЕ, на граѓанското општество и меѓународните набљудувачи за набљудување на изборите, и ќе бидам таму заедно со нив“,
напиша амбасадорката Брнз на својот твитер-профил.
Амбасадата на САД ги набљудува изборите со 41 акредитиран набљудувач.