Таа најави дека во Србија утре ќе пристигнат 106 470 вакцини „Фајзер“ и 500 000 вакцини „Синофарм“, посочувајќи дека вакцинирањето на граѓаните од регионот нема да продолжи, но дека и во иднина ќе се дава помош
Покажавме дека сме солидарни во најтешките можни времиња, на Северна Македонија и испративме 8 000 вакцини на „Фајзер“ и 40 000 вакцини „Спутник В“, што е за 24 000 граѓани, изјави српската премерка Ана Брнабиќ на ТВ Прва. Брнабиќ рече дека отстапувањето на вакцините нема никаква врска со политиката и дека се надева дека ова ќе ги зближи двете земји.
„Народот од тие земји ја гледа таа подадена рака. Среќна сум што Србија е препознаена да може тоа да го направи и како единствена земја во светот што има таков вид солидарност“,
рече Брнабиќ.
Таа најави дека во Србија утре ќе пристигнат 106 470 вакцини „Фајзер“ и 500 000 вакцини „Синофарм“, посочувајќи дека вакцинирањето на граѓаните од регионот нема да продолжи, но дека и во иднина ќе се дава помош.
Како што јави дописникот на МИА од Белград, утрово медиумите повикувајќи се на одлуката на Министерството за здравство, објавена во Службен весник, објавија вест дека граѓаните на Република Србија кои планираат да патуваат во странство за време на Велингденските празниците, мора да имаат предвид дека кога ќе се вратат ги чекаат нови правила.
Како што беше соопштено, одлучено е да по враќањето од Црна Гора, Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија и Унгарија, за српските граѓани задолжителен е ПЦР тест. Ова го демантираше премиерката Ана Брнабиќ, изјавувајќи дека оваа вест ја изненадила.
„Не е точно, немаме променето. Оние кои се ревакцинирани можат да влезат без ПЦР тест. За сите други на кои не им е потребен ПЦР тест“, се државјани на Мини Шенген – Северна Македонија, Албанија, плус Унгарија и Бугарија“,
изјави Брнабиќ.
Таа најави дека од утре во Србија делумно се ублажуваат епидемиолошките мерки, па угостителските објекти на отворено ќе работат до 22 часот.
Малку ги олеснуваме мерките, не премногу, кажа таа, наведувајќи дека 26 отсто од возрасните граѓани се вакцинирани со една доза, додека околу 19 отсто е ревакцинирани.
„Се надевам дека ќе го вратиме животот во нормала до крајот на јуни“,
рече Брнабиќ.