Договорот од Преспа е добар пример за тоа како се надеваме дека работите ќе се решат со Приштина, изјавила српската премиерка, Ана Брнабиќ, на економскиот форум Делфи во Атина. Според неа, договорот покажува дека тешките прашања може да се решат со дијалог и оти, штом се постигне компромис, сите треба да го прифатат.
Во разговорот со главниот уредник на весникот „Катимерини“, Атанасиос Елисомна, Брнабиќ нагласила дека Србија веднаш го поддржала Преспанскиот договор, истакнувајќи дека тоа било добра вест, што ѝ овозможило на Северна Македонија да го продолжи својот европски пат
„Знам дека просперитетот на мојата земја е невозможен без просперитет на целиот регион. Затоа, мене како премиер на Србија, ми е важен напредокот на сите во регионот, подеднакво важен како и напредокот на мојата земја“,
изјавила Брнабиќ, јави дописникот на МИА од Белград.
На паузата на форумот, Брнабиќ имала и краток разговор со дел од главните актери во преговорите за Преспанскиот договор, премиерот Зоран Заев и поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас. Таа имала и средба со актуелниот премиер на Грција, Кирјакос Мицотакис и со претседателката на Грција, Катерина Сакеларопулу.