Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави дека 40 отсто од населението во државата ќе биде вакцинирано до крајот на април, барем со првата доза и најави дека до понеделник ќе пристигнат повеќе од 660 000 вакцини.
Таа додаде дека 57 600 дози вакцини „Астра Зенека“ од програмата Ковакс ќе пристигнат во Србија вечерва, додека в понеделник се очекува да пристигнат 106 470 дози вакцини „Фајзер“ и половина милион вакцини „Синофарм“.
„Долго чекавме за системот Ковакс. Добро е што се организиравме и сериозно размислувавме да имаме билатерални договори со производителите и да добиеме речиси 2,5 милиони вакцини“,
рече Брнабиќ.
Според неа, 1 039 000 луѓе досега ги примиле двете дози на вакцина во Србија.
Брнабиќ рече дека Србија донирала 20 000 од првата доза на вакцината „спутник В“ во Северна Македонија и дека ќе испрати уште толку за втората доза.
Таа додаде дека вечерва ќе има состанок на Кризниот штаб на кој е можно да се донесе одлука за „малку релаксирани мерки“ и дека претседателот на државата ќе се вакцинира во вторник, со што ќе се отвори вториот круг на вакцинација.