Лабуристите претходно соопштија дека се консултираат за постепено укинување на продажбата на цигари на помлади луѓе на сличен начин како Нов Зеланд, а министерот за здравство во сенка, Вес Стритинг, во јануари рече дека сака да види дали има „волја за промена“ во земјата
Британскиот премиер Риши Сунак размислува за воведување на една од најстрогите мерки против пушењето во светот со која ефикасно би им се забранила на следната генерација воопшто да купува цигари, дознава Гардијан.
Извори од Вајтхол рекле дека премиерот размислува за мерки слични на оние што ги воведе Нов Зеланд минатиот декември. Тие вклучуваат постојано зголемување на законската возраст за пушење, така што тутунот никогаш не би се продавал на некој роден по 1 јануари 2009 година.
Политика за забрана на пушењето во стилот на Нов Зеланд би значела целосно укинување на цигарите за новите генерации. За време на поранешната премиерка Џасинда Ардерн, Нов Зеланд, исто така, донесе закони за намалување на содржината на никотин во тутунските производи и наложи тие да се продаваат само во специјализирани продавници за тутун, наместо во продавници и супермаркети.
Лабуристите претходно соопштија дека се консултираат за постепено укинување на продажбата на цигари на помлади луѓе на сличен начин како Нов Зеланд, а министерот за здравство во сенка, Вес Стритинг, во јануари рече дека сака да види дали има „волја за промена“ во земјата. Политиките што се разгледуваат се дел од новата кампања на тимот на Сунак насочена кон потрошувачите пред изборите.