Родена е во Пакистан, каде што како многу млада девојка дојде во судир со Талибанците, борејќи се да им обезбеди образование на девојчињата
На 10 октомври 2012 година, Талибанците ја застрелаа во главата и вратот додека патуваше со училиштен автобус
Поради својата неверојатна сила, волја и желба за промена, Малала стана пример за девојчиња и млади жени ширум светот кои најдоа инспирација во неа на патот кон своите цели
На насловната страница на британското издание на магазинот „Вог“ за јули се најде Малала Јузафаи од Пакистан, младата активистка за правата на децата и најмладиот добитник на Нобеловата награда за мир.
Во интервју за списанието, таа зборува за својот живот, наградите што ги добила досега и за нејзината работа.
Малала денес има 23 години и неодамна дипломираше на Универзитетот Оксфорд, а со само 17 години стана најмладиот добитник на Нобеловата награда за мир.
Родена е во Пакистан, каде што како многу млада девојка дојде во судир со Талибанците, борејќи се да им обезбеди образование на девојчињата.
На 10 октомври 2012 година Талибанците ја застрелаа во главата и вратот додека патуваше со училиштен автобус.
.@Malala stars on British Vogue’s July 2021 cover, photographed by Nick Knight. Read the interview with @thedalstonyears in full ahead of the issue’s release: https://t.co/ti3u2JgSPd pic.twitter.com/IEbu92uQaS
— British Vogue (@BritishVogue) June 1, 2021
По нападот, Малала замина во Велика Британија на лекување и рехабилитација. Успешно закрепна и продолжи да се бори за правото на девојчињата на образование. Нејзината приказна воодушеви многумина во светот, но во исто време предизвика негативни реакции кај оние што сметаат дека западните медиуми го користеле активизмот и ентузијазмот на Малала за да го претстават на начин на кој им одговара.
Поради својата неверојатна сила, волја и желба за промена, Малала стана пример за девојчиња и млади жени ширум светот кои најдоа инспирација во неа на патот кон своите цели.
Но, која е младата жена зад митото? За време на трите дена во април, британскиот тим на „Вог“ помина многу време да ја запознае Малала во Лондон и да открие една нова страна на возрасната Малала.
Таа позираше за фотографот Ник Најт, сними видеоинтервју „Во разговор“ со извршниот директор на списанието Тим Кук, кој од четврток ќе може да се погледне на интернет-платформата на магазинот и разговараше со новинарот Сирин Кејл за нејзините ставови во врска марамите, љубовта и врските
Преку својата работа, Малала се спријатели со други млади активисти како што се Грета Тунберг и застапничката за контрола на оружјето Ема Гонзалес.